ОстанатоФудбал

Шпанско-македонскиот фудбалски речник официјално промовиран во „Куќа на фудбалот“

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија, амбасадата на Кралството Шпанија и Министерството за спорт во „Куќа на фудбалот“ го претставија првиот шпанско – македонски „Фудбалски речник на Ла Лига“, заеднички проект реализиран во соработка со Институтот Сервантес.

На настанот присуствуваа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, министерот за спорт, Борко Ристовски, амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, како и претставник на шпанската Ла Лига за Југоисточна Европа.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека проектот претставува мост за соработка со една од најсилните фудбалски лиги во Европа.

„Шпанско – македонскиот фудбалски речник е издание што носи богат спортски вокабулар и служи како алатка за учење, комуникација и поврзување. Фудбалот е универзален јазик, а со вакви проекти, заедно со Министерството за спорт и амбасадата на Шпанија, градиме мостови меѓу двете култури и отвораме нови можности за соработка.

Ова е почеток на поширока соработка. Покрај речникот, планираме и идни проекти за едукација и тренинг на млади тренери, преку партнерства со шпански клубови и програми на Ла Лига“, изјави Омерагиќ.

ФОТО: ФФМ

Министерот за спорт, Борко Ристовски, го поздрави изданието на речникот, оценувајќи го како иницијатива со значајна улога во развојот на спортот и во зајакнувањето на спортските и пријателските врски меѓу двете земји.

„Голема благодарност до амбасадорот на Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, кој е и мој пријател, за неговиот континуиран ангажман во продлабочувањето на соработката меѓу Македонија и Шпанија. Фудбалот и спортот се универзален јазик, а ваквите проекти создаваат нови можности, нови мостови и нови партнерства. Министерството за спорт цврсто застана зад овој проект, кој веруваме дека е само почеток на уште поинтензивна соработка со нашите пријатели од Шпанија“, изјави Ристовски.

ФОТО: ФФМ

Амбасадорот на Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз нагласи дека главната цел на амбасадата е да ги зближи двете држави и преку спортот да се истакне националниот идентитет.

„Денеска тоа го правиме со комбинирање на спортот и јазикот. Овој фудбалски речник ја признава важноста на шпанската Ла Лига и е еден начин да се истакне она што најдобро го претставува нашиот национален идентитет, а тоа се нашите јазици“, потенцираше шпанскиот амбасадор.

ФОТО: ФФМ

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Останато

ММА спектакл во Скопје: ФНЦ за првпат во Македонија со 11 борби, министерот за спорт Борко Ристовски со поддршка за настанот!

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вчера присуствуваше на прес-конференцијата по повод одржувањето на „FNC 34 Fight Nation Championship“, првиот настан на една од...

Поврзани написи
Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за...

Останато

ММА спектакл во Скопје: ФНЦ за првпат во Македонија со 11 борби, министерот за спорт Борко Ристовски со поддршка за настанот!

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вчера присуствуваше на прес-конференцијата по повод одржувањето...

Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!