Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија без Бобан Стајиќ за претквалификациите за Евробаскет 2029

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Селекторот на машката кошаркарска сениорска репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски, ќе располага со опција помалку во бековската линија за претстојните претквалификации за Евробаскет 2029. Од лекарскиот тим беше потврдено дека Бобан Стајиќ има проблеми со левото колено и нема да може да настапи на дуелите со Азербејџан и Ирска.

„И покрај сите настојувања од негова страна да биде со тимот, нашиот лекарски тим процени дека Стајиќ не може да биде максимално подготвен за двата натпревари кои следуваат оваа недела. Не сакам да форсираме ништо во таа насока. Потребна му е комплетна рехабилитација. Имаме опција помалку во бековската линија, но продолжуваме понатаму“, изјави селекторот Илиевски на почетокот од мини-подготовките за квалификациските дуели.

Македонија прво ќе игра дома, на 27 ноември од 19 часот, во салата на СРЦ „Кале“ против селекцијата на Азербејџан.
Потоа, три дена подоцна — на 30 ноември — нашиот национален тим гостува во Даблин на натпреварот против Ирска.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФОТО: Македонија во АДИДАС дрес со жолта боја ќе игра против Данска во баражот за СП!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес информираше дека по истекот на договорот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Влатко Колев го објави списокот: Македонија У17 во битка за пласман на ЕП

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Влатко Колев го објави списокот...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со нов чекор: формирани У-13 и У-15 селекции, Миркуловски и Матлиески ќе бидат селектори

Ракометната федерација на Македонија продолжува со развојот на младинските категории, откако на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот турнир во Холандија

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Димитар Капинковски, го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!