Осогово продолжува со победничката форма откако среде Штип славеше голем триумф над Брегалница со минимални 0:1, во еден тежок и борбен натпревар што донесе огромни три бода за „жетварите“ од Кочани.
Фудбалерите одиграа еден одличен натпревар, тимот одигра дисциплинирано и мотивирано во сите 90 минути, а својот печат го остави и фудбалерот Христијан Поп Антоски, кој по мечот ексклузивно за Спортска Мрежа истакна дека е горд на начинот на кој се бореле 90 минути на теренот.
„Одигравме тежок, но многу важен натпревар против Брегалница. Како екипа бевме максимално мотивирани и дисциплинирани на терен, и тоа ни донесе заслужена победа од 0:1 на гостински терен. Горд сум на начинот на кој се боревме сите 90 минути и на тимскиот дух што го покажавме. Овој триумф ни е голем поттик за натаму, а ние продолжуваме уште појако и со уште поголема желба за нови успеси.“
Брегалница важеше за фаворит на овој дуел, но не успеа да реализира дури два пенали, што дополнително ја отвори вратата за големиот подвиг на Осогово. Тимот од Кочани одигра цврсто, паметно и максимално борбено, додека Поп Антоски беше еден од најистакнатите поединци на теренот, со извонредни 90 минути исполнети со трчање, дуели и несебична игра за тимот.
Со оваа победа, Осогово ја продолжува позитивната серија и најавува уште посериозни амбиции во самиот тек од сезоната односно во пролетниот дел.