РепрезентацијаФудбал

Младите фудбалерки ја декласираа Грузија, Македонија под водство на Кирил Изов доминира!

Сподели
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
Сподели

Македонската женска репрезентација до 19 години предводена од селекторот Кирил Изов убедливо славеше против врсничките од Грузија во натпреварот од првото коло од квалификацискиот турнир, рунда 1,  група Б5, за Европско првенство на УЕФА за жени.

Нашата селекција ја победи Грузија со 3:0. Емили Митковска во 32. минута го постигна водечкиот гол за Македонија. По пет минути игра во второто полувреме, Меланија Грозданова ја удвои предноста за нашата репрезентација, а Калина Попески во 82. минута го постигна конечниот резултат.

Фудбалерките на Кирил Изов упатија дури 13 удари кон противничкиот гол.

Словенија со 2:0 славеше против Азербејџан на вториот меч од групата. Во второто коло од турнирот, Македонија ќе се соочи со репрезентацијата на Азербејџан. Натпреварот ќе се одигра на 28. ноември во 12:00 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!