Ракомет

Охрид го дозна ривалот: Дукла Прага во осминафиналето на ЕХФ Купот!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ждрепката за осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп се одржа денес во 11 часот, и одреди дека Охрид ќе се соочи со чешкиот тим Дукла Прага.

Првиот меч ќе се одигра пред домашната публика на 14 или 15 февруари, додека реваншот е закажан за 21 или 22 февруари во Прага. Победа над чешкиот ривал ќе биде најголемиот клупски успех на охридските ракометари во европските натпревари.

Во претходните две кола, избраниците на тренерот Борис Ројевиќ покажаа импресивна форма, елиминирајќи го Баку од Азербејџан со разлика од 50 голови, како и Слога Добој од Босна и Херцеговина со 42 голови разлика.

Ривалот на Охрид, Дукла Прага, исто така имаше силен пат до осминафиналето, откако ја елиминира грчка- Драма, а во второто коло ја совлада романска Констанца.

 

ЕХФ Европски Куп, осминафинале:

Охрид (Македонија) – Дукла Прага (Чешка)

Олимпијакос (Грција) – БК46 (Финска)

Карвина (Чешка) – Балатонфуреди (Унгарија)

Целје (Словенија) – Бешикташ (Турција)

Извиѓач Љубушки (Босна и Херцеговина) – Тримо Требње (Словенија)

Брно (Чешка) – Бурса (Турција)

Татабања (Унгарија) – Рунар Сандефјорд (Норвешка)

Коњух Живинице (Босна и Херцеговина) – Бузау (Романија)

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!