ФудбалФутсал

Антонио Петровски – лидерот на Проект што влезе во престижниот „Клуб 100“

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

КМФ Проект доби нов историски момент Антонио Петровски официјално стана првиот играч во историјата на клубот кој стигнал до 100 одиграни натпревари во дрес на клубот од Јосифово. Дербито против Кеги Моби во рамки на 5. коло од Првата футсал лига беше неговиот јубилеен настап, што го вброи меѓу легендите на клубот.

Во знак на признание за верноста, професионалноста и огромниот придонес, претседателот на клубот Иван Гавровски му врачи специјална плакета симбол на златниот“ јубилеј и благодарност за сите години посветен труд.

  • Капитенски дух, искуство и наследство

Петровски, 31-годишник од Велес, е еден од столбовите на тимот. Во Проект пристигна со големо искуство зад себе, а со текот на годините стана вистински лидер на терен и пример за младите во клубот.

Во својата богата кариера настапувал за КМФ Велес, КМФ Скопје 2011 и КМФ Железарец, а дел од неговиот професионален пат го поминал и надвор од Македонија, каде што градеше меѓународна кариера во футсал екипите Вјоса и Ликени од Косово.


  • Сто натпревари, стотици моменти

Антонио Петровски го носи дресот на Проект со страст, борбеност и карактер, секогаш давајќи максимум во одбраната на клупските бои. Неговиот јубилеен 100-ти натпревар не е само бројка тоа е симбол на континуитет, лојалност и посветеност.

Клубот му честита и му посакува уште многу натпревари, успеси и заеднички спортски моменти.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!