Трета лигаФудбал

Градоначалникот Ѓоко Камчев им честиташе на Победа Валандово и Ударник за одличните резултати

Сподели
Сподели

Победа Валандово без пораз стана есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Исток, а пак Ударник од Пирава заврши на второто место со три бода помалку, а единствениот пораз е токму од Победа.

Градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, им честиташе на двете екипи за одлични резултати, истакна дека како општина ќе продолжат системски да го поддржуваат развојот на фудбалот, инфраструктурата и спортските програми.

„Голем ден за фудбалот во општина Валандово, Победа есенски шампион, Ударник вицешампион во Третата фудбалска лига – Исток. Честитки за Победа Валандово за есенската титула со импресивни 9 победи, без ниту еден пораз, како и до ФК Ударник, нареди 8 победи и заслужено се искачи до втората позиција во Третата фудбалска лига – Исток. Овие резултати претставуваат значаен момент за општинскиот спорт и јасно покажуваат дека фудбалот во Валандово повторно се гради на стабилни основи, со дисциплина, работа и вложување во млади играчи. Како општина, ќе продолжиме системски да го поддржуваме развојот на фудбалот, инфраструктурата и спортските програми, со цел да обезбедиме уште подобри услови за нашите клубови и спортските таленти. Горди сме на успехот на Победа и Ударник. Ова е силен чекор напред за спортот во нашата општина“, рече градоначалникот Камчев.

Пролетниот дел во Трета лига – Исток започнува во месец март 2026 година.


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

ФудбалЧетврта лига

Средба Божинов – Илиев: Поддршка за ФК Огражден и нови инвестиции за стадионот во Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!