Трета лигаФудбал

Победа Валандово е страшна – млад тим со најдобар напад и одбрана, Ударник и Овче Поле со одлични резултати!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Победа Валандово е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Исток без ниту еден пораз со девет победи и само едно реми, на своето конто има 28 бодови, но Победа која го има најмладиот тим доминира и со својот напад кој реализираше 33 погодоци, но ја имаше и најдобрата одбрана која прими осум гола.

Во Валандово се врати фудбалот – дефинитивно најзаслужен за тоа е претседателот на ОФС Валандово, Сашко Бајлозов, човек кој остави длабока трага во мак-фудбалот како фудбалер, а сега покажа дека фудбалот му е во срцето и живее за него. Победа се врати на фудбалската карта, а се врати и Општинската фудбалска лига.

Во пролетниот дел сигурно е дека Победа Валандово ќе сака потврда на одличните резултати и освојување на шампионската титула и обезбедување на бараж за Втора лига.

Одлични резултати во есенскиот дел имаат и Ударник од Пирава и Овче Поле од Свети Николе. Тимот од Пирава заврши на второто место со 25 бодови, три помалку од лидерот Победа, а токму Ударник го има единствениот пораз од Победа, а пак Овче Поле е трет со 22 бодови.

Во продолжение погледнете ја табелата и како одиграа третолигашите на Истокот, на дното е Дојранско Езеро со четири бодови колку што има и Светлост од Зрновци, со тоа што овој тим остана единствениот кој не се израдува на триумф.

Во следниот период Спортска Мрежа подготвува детална анализа, разговори и најавува ексклузивни информации за Трета лига – Исток, засилувања и трансфери, амбиции и планови, финансии и многу други теми.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД Δ
1 ФК ПОБЕДА Валандово 10 9 1 0 33 8 +25 28 ➖
2 ФК УДАРНИК 10 8 1 1 29 11 +18 25 ➖
3 ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ 10 7 1 2 31 13 +18 22 ➖
4 ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД 9 4 4 1 30 21 +9 16 ➖
5 ФК КАРБИНЦИ 10 3 4 3 14 13 +1 13 ➖
6 ФК Брегалница 1926 10 3 3 4 14 15 -1 12 ➖
7 ФК РУДАР 1947 Пробиштип 9 3 2 4 12 11 +1 11 ➖
8 ФК ТИВЕРИЈА 10 3 1 6 19 26 -7 10 ➖
9 ОФК МАЛЕШ 10 1 2 7 11 31 -20 5 ➖
10 ФК СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ 10 0 4 6 12 32 -20 4 ➖
11 ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО 10 1 1 8 10 34 -24 4 ➖


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

Втора лигаФудбал

Пилешков го доби струмичкото дерби, Пројковска ќе им суди на Камјани и Кожуф, Качевски главен во Битола

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига се отвара утре со пет...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!