ФудбалФутсал

Овче Поле без сили, Шукрија не може сам – Карадаку остана без бодови!

Сподели
ФОТО: Futsal Team Seeu University
Сподели

Вчера беше отворено 5. коло на Втората футсал лига, кое ќе се комплетира денес со два меча.

Екипата на СЕЕ Университи со високи 4:1 го доби некогашниот прволигаш Овче Поле од Свети Николе на домашен терен.
а
Победата беше најавена во првиот дел кога домаќинот имаше три гола предност на полувреме. Едис Муртезани во 7. минута го отвори резултатот, а по една минута Икица Јованов си постигна автогол. Пред крајот на првиот дел Гезим Азизи зголеми на 3:0.

Во вториот дел Муртезани со втор гол зголеми на 4:0, а во финишот на мечот Икица Јованов постигна гол, овој пат во својата мрежа за конечни 4:1.

Шуајб Шуркија нема сили за сам да донесе бодови за својот тим – Карадаку загуби со 5:6 во Липково од Каршиака. Гостинот го освои бодови, а домаќинот останува со празни раце.

Шукрија постигна четири гола за домаќинот, а еден гол беше дело на Саљи Салии. За гостинот двапати стрелаше Сеад Јакупи, а по еден гол постигнаа Берум Касами, Кани Ќани, Нехат Емини и Садам Куртиши.


Екипата на Фудбал Старс Ауто Велт со 3:0 го доби мечот со Кратово, со што трите бодови останаа во Кочани. Христијан Крстов беше двоен стрелец, а еден гол беше дело на Драган Трајчов.

Денес непоразениот лидер Железарец ќе игра против ССК Скопје, а пак Партизан Југ во Брвеница го чека Конзули.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за двата контролни дуели со Кипар U16

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 9 и 11 декември ќе одигра две контролни средби против своите врсници од Кипар. Двата меча...

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!