Дебитантот Балкан ја доби скопската дерби пресметка со Шкупи со 6:8, меч со кој се отвори 5. коло во Првата футсал лига.
Натпревар на кој беа постигнати голем број на погодоци, само во првиот седум гола за 3:4 и водство на Балкан на полувреме.
За домашниот тим Ерблин Даци постигна хет-трик, а пак Арсими Фазлиу беше стрелец на два гола, додека пак Бурак Мемедов постигна еден гол.
За гостинската екипа Ерол Далип и Џељал Мјаку постигнаа по три гола, а Ибрахим Алији погоди двапати.