Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот W50 во Трнава, откако беше поразена во второто коло од Британката Амарни Бенкс со 2-0 во сетови (6-2, 6-1).
Бенкс имаше целосна контрола во мечот и во двата сета направи по два брејка, што и обезбедија убедлив и сигурен триумф.
И покрај поразот, Ѓорческа останува во Трнава, каде следната недела ја очекува нов настап – овој пат на турнир од повисок ранг, W75. Турнирот носи награден фонд од 60.000 долари и претставува одлична можност за нашата тенисерка да освои нови важни поени и да се врати на победничките патеки.