Македонските џудо репрезентации за јуниори и кадети викендов ќе настапат на два значајни меѓународни турнира – Европскиот јуниорски куп во Подгорица, Црна Гора, и Европскиот кадетски куп во Солун, Грција.
Јуниорската репрезентација, која ќе се натпреварува во Подгорица, ќе настапи во следниот состав:
-
Лилјана Недановска (-57 кг)
-
Ива Богдановска (-63 кг)
-
Сергеј Димитриоски (-60 кг)
Тимот ќе го предводи селекторот Александар Фузевски, кој истакна дека репрезентативците се максимално подготвени и високо мотивирани за силната конкуренција што ги очекува на овој престижен турнир.
Кадетската репрезентација ќе се натпреварува во Солун, а Македонија ќе ја претставуваат:
-
Хамида Друштинац (-44 кг)
-
Тамара Илиоска (-57 кг)
-
Теодора Илиоска (-57 кг)
-
Марко Панчевски (-66 кг)
-
Никола Петров (-81 кг)
Кадетите ќе бидат водени од спортскиот директор Дејан Мицкоски и селекторот Игор Паскоски.
„Настапите на овие два европски купови се важен чекор напред за развојот на младите џудисти. Џудо федерацијата им посакува успешни борби, спортска среќа и што подобри пласмани“, порачуваат од ЏФМ.