Останато

Јанта Волеј КВ против Младост Загреб во 1/16 финалето на ЦЕВ Купот

Сподели
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија
Сподели

Единствениот македонски женски претставник во одбојка кој остана активен во европските клупски купови сезонава, шампионот Јанта Волеј Кисела Вода, по завршувањето на настапите во квалификациите за Лигата на шампионите, ќе ја продолжи европската авантура во ЦЕВ Купот.

Девојките на тренерот Никола Јаневиќ во 1/16 финалето ќе се соочи со хрватската Младост Загреб, еден од најпознатите и најискусни клубови во регионот.

Првиот натпревар Јанта Волеј КВ ќе го одигра на домашен терен, на 26 ноември од 20:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Реваншот е закажан за 3 декември (20:00 часот) во спортската сала „Дом на одбојката Бојан Страниќ“ во Загреб.

Победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман во осминафиналето на ЦЕВ Купот и ќе продолжи со настапи во Европа, каде ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу полската Моја Радомка и чешкиот Оломук.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

Останато

Јанта Волеј Кисела Вода елиминирана од ЦЕВ Купот по двоен пораз од Младост Загреб

Македонскиот женски одбојкарски првак Јанта Волеј Кисела Вода ја заврши својата европска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!