Турнири

Во тек се пријавувањата за Турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“

Сподели
Сподели

Едно од најпосакуваните спортски случувања во југоистокот – Турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – официјално ги отвори пријавите за учество. Настанот традиционално се одржува во спортската сала во Стојаково, а ова издание носи значително зголемен интерес поради богатата програма, наградниот фонд и организацијата која секоја година го подигнува квалитетот на турнирот.

  • Награден фонд – Сениори

Организаторите оваа година подготвија привлечен награден фонд за сениорските екипи:

  • Прво место: 180.000 денари

  • Второ место: 100.000 денари

  • Трето место: 60.000 денари

  • Четврто место: 30.000 денари

Дополнително, ќе бидат доделени и признанија за најдобар играч и најдобар голман на турнирот.

  • Пријавување на екипите

Пријавувањето трае најдоцна до 4 декември до 17:00 часот, по што ќе биде извршена и ждребката истиот ден со почеток во 17:00 часот.

  • За пријавување и информации:
  • 070 508 366 – Никола

  • 071 207 248 – Столе

  • 077 698 105 – Александар

  • Котизација за учество
  • Сениори: 4.000 денари

  • Јуниори: 1.200 денари

Секоја вечер на турнирот ќе има томбола и награди за публиката, што дополнително ја збогатува атмосферата и интересот.

  • Пријавување за јуниори – 4 категории

Организацијата посветува големо внимание и на најмладите, па пријавувањето за јуниорските категории се одвива во следните генерации:

  • 2010/2011

  • 2012/2013

  • 2014/2015

  • 2016/2017

  • Почеток на турнирот

Турнирот официјално започнува на
📅 6 декември
📍 Спортска сала – Стојаково

  • Медиумска поддршка

По првпат, Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на турнирот, со што ќе обезбедува навремени информации, резултати, фото и видео содржини, како и целосно медиумско покривање на настанот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно,...

Турнири

Пријавувањето за турнирот „Стојаково 2025“ влегува во финиш – побрзајте!

Традицијата продолжува, а интересот расте – остануваат уште само две дена до...

ТурнириФудбал

Пандев и легендите на Македонија ќе настапат на престижниот турнир Куп на Конфедерации во Рим

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, заедно со уште неколку...

Турнири

Фудбалска еуфорија – пријавувањето за „Стојаково 2025“ сè уште трае!

Стојаково повторно живее во духот на традицијата и малото место веќе се...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!