Ракомет

„Ќе влеземе максимално – сакаме уште една победа“ – Кукуловски го најавува Езерското дерби!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид, во рамки на 13. коло од Супер лигата, ја пречекува РК Струга во салата „Билјанини извори“. Езерското дерби доаѓа веднаш по важната победа на Охриѓани над Слога Добој, па така тие сакаат да ја продолжат позитивната форма пред својата публика.

Левиот бек на Охриѓани, Дејан Кукуловски, истакнува дека по мечот со Слога Добој следи натпревар против тим составен од млади играчи кои сакаат да се докажат. Посочува дека и покрај фаворитската улога, Охрид мора максимално да влезе ако сака да стигне до уште една победа.

„ После натпреварот со Слога Добој нè очекува Eзерско дерби со екипата на Струга, која е составена од млади играчи што сакаат да се докажуваат. Иако сме фаворити мораме максимално да влеземе на овој натпревар и да извојуваме уште една победа.“ – изјави Кукуловски.

Натпреварот ќе се одигра вo среда, 18:00 часот, во салата „Билјанини извори“, во Охрид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!