Успешно заврши есенската полусезона во Општинската фудбалска лига во Велес со одигрување на седум кола. Тимот на Младост 1976 е есенски шампион во четвртото по ранг фудбалско натпреварување во Македонија со учинок од пет победи и еден пораз, а со тоа и 15 бодови на своето конто.
Поранешниот третолигаш од Велес сака да се врати одново во Трета лига – Југ, а во пролетниот дел ќе треба да одигра перфектно како и во есенскиот за да ја оствари таа цел.
За комплетирање на есенската полусезона останува да се одигра натпреварот од 6. коло меѓу Согле и Врановци, но истиот резултат нема да зависи за тоа дека Младост 1976 е есенски шампион во ОФЛ Велес.
Ако евентуално екипата на Врановци триумфира тогаш останува на второто место но со ист број на бодови како и Младост, бидејќи Врановци има 12 бодови со меч помалку.
Трета е екипата на Форца Нова која има 12 бодови исто така, а пак Согле со меч помалку е на четвртото место со девет бодови. Некогашниот второлигаш Локомотива од Градско е на петтото место со шест бодови односно забележа две победи и нанижа четири порази.
На дното од табелата е екипата на Горски со три бодови како претпоследна и на самото дно Раштани Спорт исто така со три бодови.
| Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД | Δ |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ФК МЛАДОСТ 1976 | 6 | 5 | 0 | 1 | 19 | 11 | +8 | 15 | ➖ |
| 2 | ЗГ ФК Врановци | 5 | 4 | 0 | 1 | 16 | 6 | +10 | 12 | ➖ |
| 3 | ФК ФОРЦА НОВА | 6 | 4 | 0 | 2 | 20 | 11 | +9 | 12 | ➖ |
| 4 | ФК СОГЛЕ | 5 | 3 | 0 | 2 | 9 | 10 | -1 | 9 | ➖ |
| 5 | ФК ТИМ ЛОКОМОТИВА 2018 | 6 | 2 | 0 | 4 | 8 | 18 | -10 | 6 | ➖ |
| 6 | ФК ГОРСКИ | 6 | 1 | 0 | 5 | 9 | 14 | -5 | 3 | ➖ |
| 7 | ЗГ ФК РАШТАНИ СПОРТ 2025 | 6 | 1 | 0 | 5 | 7 | 18 | -11 | 3 | ➖ |