Ракомет

Тиквеш го задржа домашниот ритам – Пролет пропушти шанса за изненадување!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Тиквеш продолжи со стабилните настапи на домашен терен и ги запиша следните два бода со победата од 21-17 над Пролет. Кавадарчани со овој триумф дополнително се учврстија на петтата позиција со вкупно 14 бода, оставајќи зад себе директни конкуренти во трката за плеј-офот.

Дуелот започна израмнето, со минимални водства на двете страни. По 15 минути игра резултатот беше 7-7, а периодот без голови на двете екипи им овозможи на гостите од Скопје да го преземат водството и да заминат на пауза со предност од 9-7.

Пролет ја задржа предноста и во првите десет минути од продолжението, но домашниот тим постепено го презеде ритамот. Тиквеш најпрво израмни на 12-12, а потоа следеше серија со која кавадарчани направија пресврт и поведоа со 14-12.

Во клучните моменти, домаќините беа посмирени. Непрецизните напади на Пролет, вклучително и неколку загубени топки, им дадоа шанса на Тиквеш преку брзи контри да ја зголеми предноста. Во 50. минута резултатот беше 17-13, а иако скопјани се обидоа да се вратат и намалија на 17-15, не успеаја да направат целосен камбек.

Финишот повторно припадна на Тиквеш, кој ја казни секоја грешка на противникот и со неколку брзи решенија ја запечати победата.

Во следното коло двата тима ќе продолжат со трката за што подобра позиција, но Тиквеш вечерва ја потврди својата стабилност во домашната сала.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за двата контролни дуели со Кипар U16

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 9 и 11 декември ќе одигра две контролни средби против своите врсници од Кипар. Двата меча...

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!