МагазинРакомет

На полувреме со… Даниел Ѓорѓески- еден од чуварите на Охридската ракометна Тврдина!

Сподели
Сподели

Во рубриката „На полувреме со…“ ги поставуваме најзабавните и најопуштените прашања на ракометарите пред важни дуели. Денеска во центарот на вниманието е голманот Даниел Ѓорѓески – еден од чуварите на Охридската ракометна Тврдина. По убедливата победа над Алкалоид, тимот е полн со енергија и самодоверба, а ракометната еуфорија се чувствува и кај навивачите. Пред Охриѓани, сега стои нов предизвик- европскиот двобој против екипата на Слога Добој, од Босна и Херцеговина.

Двомечот со Слога Добој е голем предизвик и важен тест за тимот, но Ѓорѓески и соиграчите се подготвени да покажат карактер и тимски дух на теренот. За да почувствувате дел од нивната атмосфера и духот на Охридската ракометна Тврдина, го прашавме Ѓорѓески за забавните моменти од соблекувалната, неговите ритуали, омилени ситуации на теренот и очекувањата за претстојниот дуел.

  •  Што повеќе сакаш да браниш – пенали или зицери?

-Зицери.

  • Кој соиграч најчесто ти „ја загорчува“ работата на тренинг?

-Нема таков.

  •  Дали браниш појако против шутерите  што те нервираат?

-Да, мотивацијата е поголема.

  • Дали има некој шутер кој ти е „кошмар“?

-Па, не можам да издвојам некој таков.

  • Дали повеќе те радува одбранет пенал или успешна серија од три одбрани по ред?

-Успешна серија од три одбрани по ред.

  •  Имаш ли некој ритуал пред натпревар?

-Секогаш носам исти чорапи, кои ми се само за натпревар.

  • Што ти поминува низ глава пред да скокнеш на пенал?

-Каде шутира противникот.

  • Дали си прецизен во шут од твојот гол на спротивниот?

-Да.

  • Кој соиграч има најтежок шут за бранење?

-Па..Томислав Јагуриноски има најнезгоден шут.

  • Кој би бил најлош голман од твоите соиграчи?

-Не знам кој би можел да биде тоа, ги немам никогаш видено застанати на гол, а и не би им препорачал 🤣🤣

  • Ако не беше голман – на која позиција би играл?

-Не знам искрено, од старт почнав голман и немам пробано ништо друго.

  • Кој е твојот омилен момент во кариерата досега?

-Има многу убави моменти.. не би можел сега да издвојам најомилен..

  •  Кој те научи на „финтите“ при бранење?

-Имав доста тренери на голмани во кариерата и од сите имам научено по нешто.

  • Колку често си добил топка во глава на тренинг?

-Многу пати 🤣

  • Дали некогаш намерно си ,,пуштил“ некој гол на тренинг, само за да не ти се лутат соиграчите?

-Не, никогаш.

  •  Кој е најчудниот совет што си го добил од тренер?

-Да го бранам само голот, а сè што оди надвор од гол нема потреба. ( шала беше) 🤣

  • Кој е твојот омилен дел од тренингот (а кој најмалку омилен)?

-Омилен- игра на два гола, а најнеомилен- трчање.

  •  Ако твојата екипа води убедливо, се опушташ или пак сакаш да браниш уште посилно?

-Зависи против кого играме, некогаш постои доза на опуштање.

  •  Кој ти е омилен голман?

-Тиери Омејер, а моментално Нилсен.

  •  Какво чувство владее кај вас пред дуелот со Слога Добој?

-Имаме одлична атмосфера, посебно после победата над Алкалоид и максимално сме подготвени за овој двобој.

  •  Кој од соиграчите мислиш дека ќе го постигне првиот гол против Слога Добој?

-Иван Тасески.

  •  Дали очекуваш тесен резултат или убедлива победа?

-Убедлива победа.

  •  Кој сегмент од играта мислиш дека ќе биде клучен? Офанзива, дефанзива или пак, домашен терен и тимски дух?

-Дефанзивата и, се разбира, тимскиот дух и одличната атмосфера во сала.

  •  Што би  им порачал на навивачите пред дуелот со Добој?

-Да дојдат во што поголем број да нè поддржат и на крајот, сите заедно да се радуваме!

 

ФОТО: ГРК Охрид

Со овие забавни и искрени моменти од соблекувалната, веќе може да почувствувате дел од атмосферата во тимот, и да не заборавиме – со Чаневски, Ѓорѓески, Блажески и Пилиповиќ на голот, Охрид е вистинска Тврдина.

Тимот секогаш може да смета на цврста и сигурна одбрана, а нивната комбинација од талент, искуство и карактер ќе го држат тимот сигурен и навивачите во возбуда од првата до последната минута!

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 8. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!