Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија без изненадување – Грција ја покажа фаворитската улога во Скопје

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Грција со 84-101 во вториот квалификациски меч за Европското првенство 2027, одигран во СРЦ „Кале“ во Скопје.

По историската победа над Данска – прва по 17 години – нашите кошаркарки тргнаа мотивирано и одиграа одлични први десет минути (23-23). Но во втората четвртина следеше пресврт: Грција постигна високи 36 поени и стигна до предност од 20 поени на полувреме (39-59).

Гостинската селекција во второто полувреме се одлепи и до +27 (45-72), но Македонија ја покажа борбеноста и во финишот намали на само осум поени негатива (82-90). Сепак, во последните минути постигнавме само два поени, по што гркинките славеа убедливо.

Во нашата репрезентација најрасположена беше капитенката Анџелика Митрашиновиќ  со фантастични  23 поени, 9 скока и 10 асистенции. Илина Селцова уфрли 19 поени, Мерит Хемпе 16, а Ивана Кметовска 10. Во репрезентацијата на Грција пак најдобри беа Мариа Фасула со 22 и Елеана Кристинаки со 21 поен, и Спаноа со 15 поени.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите, пријавување, мерење и лекарски прегледи. Македонските кикбоксери ќе ги дознаат противниците...

Останати репрезентацииРепрезентација

Радовишанецот Мирко Василев ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во кик-бокс во Скопје!

Радовиш ќе има свој претставник на претстојното Европско првенство во кик-бокс, кое ќе се одржи од 6 до 15 ноември во Скопје. Мирко...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за УЕФА квалификациите за Македонија до 17 години

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!