Прва лигаФудбал

Ален Тупајиќ нов тренер на Работнички – ќе има ли конечно резултатска стабилност?

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Екипата на Работнички доби ново лице на клупата – искусниот српски стратег Ален Тупајиќ, кој ќе ја води екипата во обид да ја стабилизира сезоната и да ја извлече од незавидната позиција на табелата. Клубот од Дебар Маало се наоѓа во сериозна резултатска криза, па доаѓањето на Тупајиќ носи надеж за нов почеток и за пресврт во ПМФЛ.

Педесетгодишниот тренер пристигнува во Скопје по ангажманот во Бор, а зад себе има богата кариера во повеќе европски и азиски клубови. Работеше како прв тренер во Будуќност Ваљево, Ал-Јахра и Литекс Ловеч, каде што беше и дел од стручниот штаб на легендарниот Љупко Петровиќ. Има искуство и како асистент во неколку клубови од регионот, меѓу кои Напредак Крушевац, Раднички 1923, Борац Бања Лука и Колубара.

Тупајиќ првпат ќе работи во Македонија, а пред него е голем предизвик: Работнички по 13 кола има само седум освоени бодови и се наоѓа на претпоследното место. Новиот тренер ќе дебитира на 24 ноември против силната Струга Трим Лум, натпревар кој ќе биде прв тест за тоа како романтичарите ќе изгледаат под негово водство.


Клубот верува дека Тупајиќ со своето искуство, тактичка дисциплина и работа со играчи може да донесе стабилност и енергија, потребни за Работнички да излезе од опасната зона и да се врати на победничките патеки. Новата ера започнува – останува да се види дали српскиот стратег ќе го успее тешкиот предизвик што го презеде.


Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за двата контролни дуели со Кипар U16

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 9 и 11 декември ќе одигра две контролни средби против своите врсници од Кипар. Двата меча...

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!