ИнтернационалциФудбал

Матео Станков – фудбалскиот бисер од Виница што блеска во Италија

Сподели
Сподели

Македонија продолжува да открива нови таленти ширум Европа, а едно од највозбудливите имиња што доаѓаат од фудбалските терени во Италија е 18-годишниот Матео Станков – младинец со корени од Виница, кој веќе чекори цврсто на патот кон професионалниот фудбал.

Роден на 19 јануари 2007 година, Станков е фудбалер со исклучителна поливалентност. Игра како десен и лев бек, но по потреба може да делува и како офанзивно крило – што го прави особено важен за тренерите кои бараат модерни и динамични играчи.

Во моментов Матео ги брани боите на италијанскиот клуб Тренто 1921, каде што е стандарден член на тимот U19. Но, неговиот напредок не застанува тука – младиот фудбалер веќе добива шанса и во сениорскиот состав, што е јасен показател за довербата што клубот ја има во неговиот потенцијал.

Еден од најзабележителните моменти во досегашната сезона беше дуелот меѓу Тренто U19 и Форли U19, каде Станков се запиша меѓу стрелците во победата од 2:3. Тој го постигна вториот гол за својот тим, демонстрирајќи зрелост и конкретност во завршницата – квалитети што ретко се среќаваат кај играчи од неговата возраст.


Иако е роден и расте во Италија, Матео ја носи Македонија во срцето. Неговата најголема желба е еден ден да го носи дресот на младинската репрезентација на Македонија и да го покаже својот талент на меѓународната сцена.

Со неговиот развој, квалитет и амбиција, Матео Станков е сериозно име за иднината. Македонија може да биде горда што има уште еден млад фудбалер кој чекори кон врвот, подготвен да ја претставува нашата земја со чест и стил.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!