По осум кола во Трета лига – Запад на врвот на листата на најдобри стрелци се двајца фудбалери, кои имаат по осум постигнати погодоци. Се работи за Агон Хашими, кој го носи дресот на Доброшти и Хузри Џемаили, кој настапува за лидерот Камјани.
Потоа на листата на најдобри стрелци следува Генц Јакупи, од екипата на Рена, а пак Ивица Костадиноски постигна пет гола за неговиот Вардар од Брвеница.
По четири погодоци имаат повеќе фудбалери. Мурат Адили и Албулен Имери од Влазерими, Осман Исмаили и Младен Котевски од Напредок, Адриан Исмаили од Дрита и Ермаил Саити од Ренова.