По осум одиграни кола во Трета лига – Југозапад, најдобриот стрелец има осум погодоци, се работи за Хакан Алимовски, кој го носи дресот на Могила.
Втор најдобар стрелец е Денис Шадов, кој настапува за Влазними со седум погодоци, а пак фудбалерот на Напредок од Ношпал, Владе Јанакиевски има шест погодоци.
По пет гола имаат Филип Кабаковски од Напредок Ношпал, искусниот Аљтин Лога од Влазними и Елмаз Шеи од Велешта.
По четири погодоци постигнаа Ненад Балоски од Караорман, Даниел Короскоски од Славеј Мешеишта, како и Фатјон Леши кој игра за Кораб.