Трката за тоа кој да биде најдобар стрелец во Трета лига – Југ ќе биде навистина неизвесна. По девет кола двајца фудбалер имаат по девет гола тоа се Кристијан Маневски од екипата на Превалец и Тодор Мирчевски, кој го носи дресот на Борец.
По осум голови имаат фудбалерите на Ултрас, Дарио Наумовски и Бобан Тошески, додека пак по седум погодоци имаат Слободан Дуков од Росоман, Илхан Имеров од Борец и Петар Ристовски од Венец.
Шест погодоци има постигнато Мевлан Усеиноски од Влазими Јуниор, додека пак по пет погодоци имаат Мартин Деркоски од Младост, Адмир Угљанин од Питу Гули и Милан Чичевски од Борец.