Охридската тврдина е неосвоива – „гладијаторите“ го совладаа Алкалоид, а Охрид го прескокна на табелата, откако славеше со 28:24 во преполната сала „Билјанини Извори“.
Охриѓани играат фантастично во текот на целиот натпревар, а на крајот стигнаа до својата цел – триумф во дербито на 12. коло на Суперлигата и радост кај сите присутни во салата. Потврда дека во „Билјанини Извори“ бодови тешко се освојуваат!
Овој голем триумф е одлична увертира за Охрид пред новиот европски предизвик против Слога Добој од Босна и Херцеговина во рамки на 3. коло на ЕХФ Европскиот Куп.