Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стојановска: Заслужено го добивме овој дуел, ова е само почеток на нешто добро и убаво во нашата репрезентација!

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Вечерва во Скопје, женската кошаркарска репрезентација на Македонија забележа минимална, но голема победа во квалификациите за Евробаскетот кој ќе се игра во 2027 година со резултат од 79:78.

Една од нашите најискусни кошаркарки, Александра Стојановска, вели дека заслужено го добиле мечот, со борба од првата до последната секунда.

„Пред се, честитки до мојата екипа. Се боревме, покажавме дека можеме од самиот старт и како што ни рече тренерот на почетокот, го покажавме тој победнички менталитет. Заслужено го добивме овој дуел, со борба од прва до последна секунда. Секој што стапна на терен даде максимум и даде свој придонес во оваа прва победа. Ова е само почеток на нешто добро и убаво во нашата репрезентација.

За следниот меч ќе се подготвуваме добро, Грција е тежок и искусен ривал, долги години игра на Европските првенства. Но секако дека нема да се откажеме и ќе се бориме да покажеме дека можеме“- потенцираше нашиот репрезентативен бек по особено важниот триумф на стартот на квалификациите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Струга и Шкендија, Ќерими на Башкими и Брегалница, Качевски главен во Кратово

Рундата број 13 во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три дена, се отвара во утре со мечот во Кавадарци меѓу...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!