Втора женска фудбалска лигаФудбал

Порече со сигурна победа над Плачковица и нови три бодови

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Трите бодови останаа во Македонски Брод, откако домаќинот Порече со 3:0 славеше над Плачковица од Радовиш, во меч од 7. коло на Втората женска фудбалска лига.

Стефанија Станческа го отвори резултатот по десет минути игра за водство на домашниот тим, а веќе во 25. минута домаќинот зголеми на 2:0 преку Маријана Цветкоска.

Третиот гол на средбата беше постигнат во 32. минута, а беше дело на Сара Матеска за конечни 3:0.

Натпреварот меѓу Конзули и Билјанини Извори не се одигра. Причината е тоа што првично овој натпревар бил закажан да се игра во Ресен, бидејќи Конзули не успеал да најде слободен фудбалски терен во Битола.

Според тоа известување охридскиот клуб заминал во Ресен каде и што чекал за да го одигра мечот, но во текот на вчерашниот ден била промената локацијата за играње од Ресен во Могила, а каде пак што чекал Конзули со судиите.

„Натпреварот уредно пријавен првично во Ресен за да бидеме известени во текот на вчерашниот ден од претставникот на домашната екипа дека натпреварот е закажан на 09.11.2025 година во 13 часот во село Могила. Двете екипи уредно внесени во КОМЕТ системот. Известени се гостинската екипа, службените лица и ФФМ. По чекање од 30 минути гостинската екипа не се појави на теренот“, се вели во записникот од мечот.

Останува да видиме како ќе постапи ФФМ за овој случај.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!