Прва лигаФудбал

Бафто ќе им суди на Пелистер и Брера Струмица, Ќерими главен во Тетово, Пилешков патува во Куманово

Сподели
Сподели

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 13. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Колото се отвара утре со два натпревари, во недела ќе се одиграат уште два натпревари, а ќе се затвори во понеделник со последните два меча.

Утре, во Куманово, Башкими ќе го пречека Работнички, а главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип. Негови помошници се Владимир Митревски и Петар Степановски од Битола, додека четврти судија ќе биде Владимир Ѓорѓиевски. Во ВАР собата ќе бидат Стојанче Стојанов и Кристијан Џонов, а делегат на натпреварот е Гоце Шопоски од Струга. Контролор на средбата ќе биде Горан Спиркоски од Прилеп, а пак оператор за повторување на снимката ќе биде Матеј Димитриевски од Скопје.

Во ист термин, во Струга ќе се сретнат Струга Трим-Лум и Арсими, под водство на судијата Стојанче Трпчевски од Скопје. Помошници ќе му бидат Тоше Ицев и Драган Трпчевски од Кавадарци, а четврти судија е Боби Величков. Во ВАР собата се Александар Урошевиќ и Фуркан Идризи, додека делегат ќе биде Гоце Цветановски од Демир Хисар. Контролор ќе биде Зоранчо Илиевски од Битола, а пак оператор за повторување на снимката е Петар Мукоски од Скопје.


Во недела на програмата се уште два натпревари. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Вардар ќе го пречека Тиквеш, со Доне Ристовски од Гевгелија како главен судија. Помошници ќе му бидат Роберт Црвенов и Имран Абази, а четврти судија е Фуркан Идризи. Зад ВАР мониторите ќе бидат Никола Костенчев и Мартин Дејаноски, делегат ќе биде Славчо Ѓорѓијоски, а контролор ќе биде Иса Емурли, а пак оператор за повторување на снимката ќе биде Деан Стефков.

Во истото време во Битола, на „Петар Милошевски“, Пелистер ќе биде домаќин на АП Брера Струмица. Главен арбитар ќе биде охриѓанецот Фатмир Бафто, кој ќе има помош од своите сограѓани Мишо Ѓорѓиески и Горан Балески. Четврти судија е Благојче Ралевски, а ВАР судија Игор Стојчевски со Дарко Видиниќ како АВАР. Оператор за повторување на снимката е Матеј Димитриевски, делегат ќе биде Горан Михајловски, а пак контролор ќе биде Дејан Јакимовски.


Понеделникот носи уште две интересни средби. Во Кратово, Силекс ќе го пречека Шкупи, со Марјан Стојановски од Кичево како главен судија. Помошници ќе бидат Давор Цветаноски и Мартин Петковски, а четврти судија е Ндерим Тефику. Во ВАР собата ќе биде Пларент Салихи, а асистент ќе му биде Гоце Петрески. Делегат ќе биде Расим Муминовиќ, а контролор ќе биде Благој Шуклев, а пак оператор за повторување на снимката е Жарко Пејковски.

Во Тетово пак, дуелот помеѓу Шкендија и Македонија Ѓ.П. ќе го суди Бењамин Ќерими од Скопје. Негови помошници се Филип Ицковски и Бојан Иваноски, а четврти судија Александар Урошевиќ. Во ВАР собата ќе бидат Александар Грујоски и Вјолца Изеири. Делегат на натпреварот е Ненад Крстевски од Куманово, а контролор Илир Сеља од Струга, а оператор за повторување на снимката е Виктор Васев.

Сите натпревари ќе започнат во ист термин, односно од 13 часот.


Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за двата контролни дуели со Кипар U16

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 9 и 11 декември ќе одигра две контролни средби против своите врсници од Кипар. Двата меча...

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!