Со победа над Пролет 36-27 (20-16), Вардар го забележа десеттиот триумф сезонава и останува единствениот тим со максимални 20 бода. И покрај отсуството на шестмина играчи (Еспиња, Лазаревски, Борозан, Боно, Тузолана и Талески), тимот на Чупиќ успеа да го обезбеди триумфот.
Пролет, без искусниот Василевски, по пауза од една година го врати на терен Стефан Стојчевиќ, кој постигна гол. Кај домаќините, Ќосевски играше на десен бек, Кавада доби најмногу минути на среден бек, а Атанасовски како пивотмен доби голема шанса.
Во првото полувреме Вардар се прилагодуваше на „измешаниот“ состав, но до 27. минута постигна водство од +4 (18-14). Во второто полувреме предноста се зголеми на 7 гола, а до 44. минута резултатот беше 27-19. Во последните десет минути Вардар обезбеди девет гола разлика (33-24), дозволувајќи им на играчите од клупата да добијат минутажа и заврши убедливо.