Останато

Работнички Скопје стартува во Челинџ купот против естонскиот шампион

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската екипа на Работнички Скопје, третиот македонски претставник во европските клупски купови, денес ќе го одигра двомечот од првото коло на ЦЕВ Челинџ купот против естонскиот РАЕ Спортдикол.

Македонките веќе пристигнаа во градот Јури, каде вчера го одработија и првиот тренинг. Првиот натпревар се игра денеска од 18 часот по македонско време, а Работнички на хартија ќе биде условен домаќин. Естонскиот шампион важи за фаворит, но избраничките на Душко Деспотовски најавуваат дека нема да се предадат и ќе се борат за секој поен.

ФОТО: ОФМ

„Со двата натпревари против РАЕ Спортдикол во Естонија, Работнички Скопје го продолжува континуитетот со настапи на европската сцена петта година во низа. Се соочуваме со сериозна и искусна екипа, која е шампион во естонското првенство, а истовремено и освојувач на Балтичката лига, како и на Балтичкиот Суперкуп од пред еден месец. Тимот е составен од искусни и квалитетни играчи, четири од нив се репрезентативки на Естонија, земја во која се игра квалитетна одбојка. Максимално сме подготвени, но и внимателно влегуваме во овој двомеч, во кој и ние како екипа имаме свои адути. Верувам дека со максимално залагање, почитување и исполнување на тактичките замисли, дисциплинирана игра и борба за секој поен, можеме да дојдеме до позитивен резултат и да направиме еден голем исчекор напред на европската сцена“, позитивно размислува стратегот на Работнички Скопје, Душко Деспотовски.

Работнички во Челинџ купот влегува со одлична форма и четири победи на домашната сцена, што дополнително го подигнува оптимизмот во таборот на „црвено-белите“. Целта е позитивна игра и резултат што ќе ја продолжи успешната низа и на европско тло.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за двата контролни дуели со Кипар U16

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 9 и 11 декември ќе одигра две контролни средби против своите врсници од Кипар. Двата меча...

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Поврзани написи
Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

Останато

Јанта Волеј Кисела Вода елиминирана од ЦЕВ Купот по двоен пораз од Младост Загреб

Македонскиот женски одбојкарски првак Јанта Волеј Кисела Вода ја заврши својата европска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!