Конечно се комплетираше Трета лига – Исток со одложените натпреварите од седмото и осмото коло.
Во рамки на 7. коло дербито се одигра на стадионот „Кукуш“ каде некогашниот прволигаш Хоризонт Турново и Победа Валандово одиграа 3:3.
Дерби меч на кој видовме шест погодоци, а на два конкуренти за влез во Втора лига. Димче Јовов постигна гол во 6. минута за отварање на резултатот, а во 12. минута Филип Зајков погоди за 1:1. Но, по само две минути игра искусниот Сашко Пандев постигна гол за 2:1 и нова предност на Хоризонт Турново.
Сепак, до крајот на првиот дел Никола Костадинов погоди во 30. минута за 2:2 на полувреме.
Во второто полувреме турновци стигнаа одново до предност при 3:2, со голот на Васко Коцев во 60. минута, а во финишот односно во 84. минута со второ гол на Зајков беа поставени конечните 3:3.
Во однос на мечот од 8. коло кој се одигра во Делчево, Брегалница загуби од Тиверија со 0:2. Двата погодоци беа постигнати во вториот дел, Ристе Каралијски погоди во 58. минута за 0:1, додека пак Глигор Атанасов во 81. минута ги постави конечните 0:2.
Домаќинот од 40. минута беше со играч помалку на теренот откако Никола Стоиловски заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра, а директен црвен картон доби Даниел Гоцевски, кој беше на клупата за резерви.
Брегалница Делчево за овој резултат може да жали затоа што при 0:0 промаши пенал.
Следниот викенд ќе бидат одиграни натпреварите од 9. коло. Во однос на табелата екипата на Победа Валандово е на првото место со 19 бодови и е единствениот непоразен тим, Ударник е втор со 16 бодови, а пак Хоризонт Турново и Овче Поле со по 13 бодови го делат третото место. На дното е Светлост Зрновци како 11-то пласиран тим со три бодови и единствен кој нема триумф.