Трета лигаФудбал

Вардар Брвеница слави над лидерот Камјани, Напредок од Кичево со висок пораз!

Сподели
ФОТО: ФК Вардар Брвеница
Сподели

Екипата на Вардар од Брвеница е првата која го запре лидерот Камјани и го солада за прпат сеознава откако ан гости со 0:2 беше подобар тим во мечот од 7. коло на Трета лига – Запад.

Погодоците беа постигнати во вториот дел, а стрелци на истите беа Ивица Костадиновски и Марко Стојковски.

Дрита на домашен терен во вториот дел го доби мечот со Скеднербеу со резултат од 2:0, а стрелци беа Вулнет Елмази и Арсими Рамадани.

Љуботен и Речица ги поделија бодови откако одиграа 1:1, но Љуботен може да жали за овој резултат, бидејќи пропушти три бода, со примен гол во финишот.

Алтин Шабани во 15. минута го отвори резултатот, а гостино преку Мамут Рамадани во 80. минута ги постави конечните 1:1 за делба на бодовите.

Напредок од Кичево забележа висок пораз на гостувањето кај Доброшти од 4:1, а загуби преку пресврт. Тимот од Кичево преку Младен Котевски уште во 6. минута го отвори резултатот за 0:1, а во 43. минута Ендрит Муареми погоди за 1:1.


Во вториот дел Агон Хашими со два гола обезбеди предност за Доброшти од 3:1, а Јасер Максути во 90. минута ги постави конечните 4:1.

Џепчишти слави домашен триумф над некогашниот прволигаш Ренова од 3:2 и тоа преку пресврт. Гостинот со погодоци на Ери Абдулахи и Ерзен Ходаи имаше предност од 0:2, а пак во 42. минута Ебубекир Азиз намали на 1:2 на полувреме.

Во вториот дел Агон Селмани израмни на 1:1 во 77. минута, а пак како херој на мечот се покажа Ардиан Беќири кој во 88. минута ги постави конечните 3:2.

Екипата на Влазерими беше слободна во 7. коло откако екипата на Зајази се откажа од натпреварување.


Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија има тежок пат до СП 2026, но би играла во “најлесната група”: Фудбалската магла над баражот 

Македонската фудбалска репрезентација е пред нов голем предизвик, овојпат во борбата за историски пласман на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се...

Кошарка

Гевгелија го пречекува незгодниот ривал Шар Планина во дербито на колото

Во машката Аматерска лига викендов ќе се одиграат натпреварите од 6. коло, а најголемо внимание привлекува дербито во Гевгелија, каде лидерот на табелата...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Осогово – Новаци

На Градскиот стадион во Кочани денес во рамки на последното есенско коло...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Кожуф – Вардар Неготино

Денес на Градскиот стадион во Гевгелија ќе се одигра натпреварот меѓу Кожуф...

ФудбалФутсал

Хисен Мемеди е најдобар стрелец во Втората футсал лига, колку погодоци има постигнато?

По шест одиграни кола во Втората футсал лига на Македонија, играчот на...

Трета лигаФудбал

Кој ќе биде есенски шампион во Трета лига – Југ?

Утре ќе биде познато кој ќе биде есенски шампион во Третата македонска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!