Ракомет

Талески пред нов предизвик – заминува од Вардар по само три месеци!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Филип Талески се наоѓа пред нов пресврт во својата кариера, откако неговиот престој во редовите на Вардар, најверојатно, ќе заврши по само три месеци.

Левиот бек се врати во „црвено-црниот“ дрес ова лето, потпишувајќи долгорочен договор со надеж дека повторно ќе биде дел од проектот на вардарци. Но, ситуацијата брзо се промени – Талески веќе неколку дена не тренира со екипата, а причината е неговото незадоволство од минутажата, особено во нападот.

Иако клубот сè уште нема официјална изјава, неофицијално се очекува да дојде до раскин на договорот, по што репрезентативецот ќе ја продолжи кариерата во нова средина.

Талески во Вардар се врати по двегодишен настап во редовите на португалска Бенфика. Претходно, беше дел од македонскиот шампион од 2020 до 2023 година, а својата кариера ја започна во Металург, по што настапуваше и во германските клубови Рајн Некар Левен и Балинген.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!