Останато

Марко Алексовски со двоен триумф на турнирот во Подгорица

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Македонскиот тенисер Марко Алексовски имаше извонредна недела на меѓународниот турнир „Подгорица Универзал Капитал Куп“ за играчи до 16 години, освојувајќи два пехара – во сингл и двојки конкуренцијата.

Алексовски ја оправда фаворитската улога како прв носител во поединечната конкуренција, триумфирајќи без пораз на турнирот. Во финалето, тој беше подобар од вториот носител Оливер Крупа од Полска со 2-0 во сетови (6-4, 6-1). Најтешкиот меч Марко го имаше во полуфиналето против четвртиот носител, Србинот Лука Костиќ, каде успеа да направи пресврт и по два тај-брејка да победи со 2-1 (2-6, 7-6, 7-6).

Во претходните рунди, Алексовски беше сигурен – во првото коло го совлада Брендон Хас (Австралија) со 2-0 (4-1, 4-0), а во четвртфиналето беше подобар од Петар Станковиќ (Црна Гора) со 2-0 (4-1, 4-1).

Успешна недела Алексовски имаше и во двојки, каде настапуваше во пар со Русинот Сергеј Артемев. Македонско-рускиот тандем стигна до титулата без пораз, а финалето не се одигра бидејќи противниците Јон Бунткер (Германија) и Вукашин Павловиќ (Србија) го предадоа мечот поради повреда. Во полуфиналето, Алексовски и Артемев забележаа голем успех совладувајќи ги првите носители Костиќ и Крупа со 2-0 (5-3, 4-1).

Со двојниот триумф во Подгорица, младиот македонски тенисер уште еднаш потврди дека е еден од најперспективните тенисери во регионот во својата возрасна категорија.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во ракометната Суперлига в сабота, на 14 ноември, од 18:30 часот во...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот клуб бележи максимален учинок во досегашниот дел од првенството, со седум...

Поврзани написи
Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември,...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!