Кошарка

Возбудливо второ коло во Првата лига – убедливи победи за Струмица ФМП, Охрид и Соколи

Сподели
Сподели

Второто коло во Првата македонска кошаркарска лига донесе неколку интересни и резултатски различни дуели, со неколку убедливи победи и едно вистинско дерби во Бутел.

Во скопската населба Бутел, домашниот тим славеше над Овче Поле со резултат 81:78, во меч исполнет со неизвесност. Првото полувреме заврши егал (40:40), а клучниот момент беше третата четвртина, кога Бутел создаде предност од шест поени (65:59), која успеа да ја задржи до крајот.

Најдобар стрелец кај победниците беше Киров со 21 поен, потпомогнат од капитенот Мартиноски (17), Атанасов (14) и Андоновски (11). Кај гостите се истакнаа Здравковиќ (19), Семедо (15) и Блажевски (14).

Во Струмица, домашниот состав Струмица ФМП го потврди одличниот старт на сезоната, убедливо совладувајќи го Борец Баскет со 88:53. Натпреварот практично беше решен уште во првиот период (28:14), а потоа домаќините без проблем ја контролираа играта.
Пандев со 25 поени и Александровски со 20 беа главни двигатели на триумфот, додека Јовановиќ додаде 14. За гостите, Трпески постигна 18, а Сапроновски 12 поени.

Во „Билјанини извори“, Охрид ја оправда фаворитската улога и славеше убедливо против Младинец со 105:77. Домашните доминираа од самиот почеток и уште по првата четвртина имаа голема предност (31:14).


Грбовиќ блесна со 27 поени, Стевковски додаде 16, Димитриески 13, а Димоски 12. Кај Младинец, Шуменковски постигна 24, а Павловски 16.

Во Штип, Соколи 1933 убедливо го совлада новајлијата Спортисимо со 115:76, запишувајќи го вториот последователен триумф. Домаќините постепено ја градeа предноста и на крајот победија со високи 39 поени разлика.

Најрасположени беа Балабанов (19), Х. Тодоровски (16), Костадинов и Стојменов (по 15), како и А. Тодороски (14). Кај гостите се истакна Митков со 22 поени.

Тетекс не успеа да ги искористи домашните кошеви и беше совладан од Мега Баскет со 78:85, додека колото го затвори дуелот во Скопје, каде Вардар ја оправда фаворитската улога и триумфираше над Водно Санс со 84:73, задржувајќи максимален скор по двете одиграни кола.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во ракометната Суперлига в сабота, на 14 ноември, од 18:30 часот во...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот клуб бележи максимален учинок во досегашниот дел од првенството, со седум...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!