ФудбалФутсал

Партизан Југ од Брвеница убедливо ја отвори сезоната, Кратово пресилен во првото коло!

Сподели
ФОТО: Екипата на Партизан Југ
Сподели

Започна новата сезона во Втората футсал лига со два воведни натпревари кои се одиграа денес.

Екипата на Партизан Југ на домашен терен во Брвеница со убедливи 11:2 го доби тимот на Карадаку и на доминантен начин ја започна новата сезона.

Хет-трик за домаќинот имаше Антонио Ѓорѓевски, а пак двоен стрелец беше Тео Симњановски, во листата на стрелци за домашниот тим со по еден гол се запишаа Ивица Ангелески, Синиша Симјаноски, Даниел Радески, Даниел Јандриески, Марко Стојковски и Марко Спироски.

За гостинскиот тим двоен стрелец беше Шабани Валмир кој стрелаше во првиот дел.

Кратово со триумф над тетовскиот СЕЕ Университи ја започна новата сезона, откако на гостински терен бше подобар со убедливи 4:9.

Хисен Мемеди постигна хет-трик за домаќинот, а стрелец на еден гол беше Самир Рамадани. За гостинската екипа хет-трик постигна Димитар Стојановски, двојни стрелци беа Драган Стефанов и Ѓорѓи Ивановски, а пак еден гол постигна Давид Стојановски, додека пак Адис Фетаи од домашната екипа во 12. минута си постигна автогол.

Денес Овче ПОле ќе се соочи со Конзули, додека пак во недела Црна Река ќе биде домаќин на Каршиака, Железарец ќе игра со новајлијата Фудбал Старс од Кочани.

Во рамки на првото воведно коло слободна ќе биде екипата на ССК Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за двата контролни дуели со Кипар U16

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 9 и 11 декември ќе одигра две контролни средби против своите врсници од Кипар. Двата меча...

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!