Втора лигаФудбал

Брегалница се „сопна“ во Радовиш, Македонија ЃП е лидер, Беласица конечно победи!

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Лидерот Брегалница се „сопна“ во Радовиш откако одигра 1:1 против Детонит Плачковица и со тоа го загуби лидерското место во Втората лига.

Во рамки на 8. коло во дербито на Истокот кое се играше во Радовиш, Оливер Христов во 96. минута ги расплака штипските „сини“ со гол за 1:1, откако претходно во 57. минуа гол даде Давид Калпачки, во меч со 11 жолти картони.

Новаци и Башкими одиграа 0:0, а пак Македонија ЃП на „Железарница“ со голот на Алексеј Славков дојде до минимална победа од 0:1 над Скопје со што „лавовите“ сега се лидери на табелата.

Вардар Неготино влезе во резултатска криза откако во Струмица загуби од прилепска Победа со резултат од 1:2 со што Дунимаглоски со триумф дебитираше на тренерското столче кај прилепскиот второлигаш.

Крстев во 4. минута погоди за 1:0, а до крајот на првиот дел Спиркоски и Талески погодија за конечни 1:2, откако во вториот дел немаше голови.

Беласица со голот на Зак Кочанковски конечно стигна до првата сезонсак победа откако со минимални 0:1 славеше над Вардарски во Богданци во дербито за прва сезонска победа на двете екипи.

Осогово на домашен терен беше поразен со 1:2 од Арсими. Гостинот преку Зеќири имаше 0:1 на полувреме. Во вториот дел Љиварека постигна гол за 1:1, а потоа Рамадани биеше за конечни 1:2.

Кожуф со погодоци на Ѓорѓиески и Сарески дојде до триумф од 2:0 над Борец, со што велешани ја продолжуваат резултатска криза и се наоѓаат во опасната зона за испаѓање во Трета лига.

Каменица Саса на домашен терен загуби од Охрид со 1:2 со што охриѓани влегуваат во одлична победничка серија за четири од четири.

Димоски си постигна автогол, а Охрид имаше 0:1 на полуврме. Во вториот дел Чурлинов погоди за 1:1, а пота во 80. минута Сашо Дуков постигна гол против својот поранешен клуб за победа на Охрид од 1:2.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!