Прва лигаФудбал

Ардит Дестани најавува борбен Шкупи против Башкими

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

За време на репрезентативната пауза на македонската фудбалска репрезентација, фудбалерите на Шкупи ја искористија можноста за дополнителна подготовка пред продолжението на сезоната во Првата македонска лига. Тимот од Чаир напорно тренираше, со цел да влезе во натпреварувачки ритам и да ја подобри формата во пресрет на дуелот против Башкими.

Крилниот напаѓач на чаирчани, Ардит Дестани — стрелец на два погодоци во досегашниот тек од шампионатот — верува дека неговиот тим може да излезе со позитивен резултат од гостувањето во Куманово.

„Се одморивме, но и максимално се подготвивме за овој натпревар. Башкими е сериозен противник, тим кој, иако се врати во Првата лига, покажа дека е опасен и игра на високо ниво. Работевме напорно и одиме во Куманово со јасна цел – да забележиме позитивен резултат.

Башкими има голема поддршка од трибините, но за нас е позитивно тоа што ќе играме на добар терен, кој одговара на нашиот стил на игра. Се надеваме дека нема да има грешки или пропусти, и на крајот ќе победи најдобриот. Ќе дадеме сè од себе, ќе се бориме до крај – затоа што веруваме во нашата работа, во тимот и во победата“, изјави Дестани.

Натпреварот помеѓу Башкими и Шкупи ќе се одигра на стадионот на Башкими во Куманово, со почеток во 14:30 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два неоправдано неодиграни натпревари направи промени на табелата. Екипите кои освојуваа бодови...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска лига – Регион 3, откако по првите пет кола од сезоната...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска...

Младински фудбалФудбал

Благој Гегов од Детонит Плачковица успешно го помина првиот модул за UEFA C лиценца!

Фудбалската школа на Детонит Плачковица од Радовиш продолжува да вложува во унапредување...

Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!