Македонската интернационална судијка Ива Пројковска повторно го доби заслуженото признание од Европската фудбалска унија (УЕФА). Таа е делегирана да го суди полуфиналниот натпревар од Лигата на нациите во женска конкуренција меѓу репрезентациите на Германија и Франција — дуел кој ќе се одигра во петок во Дизелдорф со почеток од 17:45 часот.
Во судиски тим со неа ќе биде Елена Соклевска-Илиоски како прв помошник, додека втор асистент е Сташа Шпур од Словенија. Четврти судија ќе биде Александра Чешен, исто така од Словенија, а во ВАР собата ќе има унгарски судии.
Второто полуфинале во ова натпреварување ќе го одиграат репрезентациите на Шпанија и Шведска.