Фудбалерот на Беса од Добри Дол, Имран Фетаи вели дека против Вардар ќе играат за победа, додава дека на последните три натпревари Беса покажала дека има квалитет.
„Овие натпревари се секогаш посебни за мене. Се чувствувам одлично и сум во одлична форма, се надевам дека ќе продолжам во исто темпо и против Вардар. Во недела имаме тежок натпревар против Вардар. Во форма сме, бидејќи на последните три натпревари покажавме квалитет и ќе играме за победа. Новиот тренер носи нова тактика и цели и се надевам дека тоа ќе создаде нов дух во тимот за постигнување на што повеќе успеси“, изјави Фетаи.
Новиот тренер на Беса, Берат Имери, утре против Вардар во рамки на 10. коло од Првата лига ќе дебитира на клупата на Беса.