Втора лигаФудбал

Левески главен во Големо Коњари, Котевски главен во Виница, Арсов ќе им суди на Беласица и Победа

Сподели
Сподели

Во сабота ќе бидат одиграни натпреварите од деветтото коло на Втората македонска фудбалска лига, а кои стартуваат во 14 часот.

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на истите. Здравко Костовски од Штип ќе биде главен судија на мечот меѓу Преспа и Тетекс, а негови помошници ќе бидат Давор Дишлиевски и Душко Панов од Кавадарци, а пак Ангелчо Ристов од Неготино е четврт судија.

Делегат ќе биде Алајдин Асани од Градец, а пак Ацо Мацевски од Струга ќе биде контролор.

Марјан Стојановски од Кичево ќе биде главен судија на „Билјанини Извори“ каде ќе играат Охрид и Каменица Саса. Помошници ќе бидат Осман Зеќири од Кичево и Виктор Трифуновски од Гостивар. Четврт судија на средбата ќе биде Бенарт Зеќири од Кичево.

Делегат на средбата ќе биде Борче Мирчески од Тетово, а пак контролор е Љубе Ристевски од Прилеп.

Александар Урошевиќ од Тетово ќе биде главен судија на мечот меѓу Скопје и Новаци, а ќе му асистираат Имран Абази од Боговиње и Метин Османи од Тетово, а пак Дарко Стојчевски од Скопје е четврт судија. Тони Ефтимов од Струмица е делегат, а контролор ќе биде Раско Мишкоски од Скопје.

Димитар Левески од Охрид ќе им суди на Големо Коњари и Брегалница, е негови помошници ќе бидат стружаните Марио Мојсоски и Јован Анѓелкоски, а пак Фатмир Бафто од Охрид ќе биде четврт судија. Дритан Бакали од Дебар ќе биде делегат, а Злате Лозаноски од Битола контролор.

Во Радовиш силите ќе ги одмерат Детонит Плачковица и Вардар Неготино, а за правдата ќе биде задолжен Блаже Петковски од Миравци, а негови помошници ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров од Гевгелија, а пак Јордан Јовановски, исто така од Гевгелија ќе биде четврт.

Арменд Дестани од Куманово ќе биде делегат, а Томислав Тимовски од Струмица ќе биде контролор.

Слога Виница и Кожуф ќе ги одмерат силите на Градскиот стадион во Виница, каде Дарко Котевски од Битола ќе биде главен судија, а негови помошници ќе бидат Јовче Кокевски и Петар Степановски. Четврт судија ќе биде Дени Лековски од Битола.

Делегат е Ивица Тасески од Велес, а пак Марјан Петров од Кавадарци е контролор.

Беласица на домашен терен ќе игра со Победа, а Спире Арсов од Кочани ќе им суди, негови помошници ќе бидат Богданчо Ѓеоргиев и Петар Михаилов од Кочани, а пак Сашко Ристов од Струмица ќе биде четврт судија.

Мијалче Маџунаров од Штип ќе биде делегат, а контролор Васил Аџиев од Валандово.

Влатко Илиоски од Прилеп ќе им суди на Шкендија Арачиново и Осогово, а помошници ќе бидат Борис Трајков и Димитар Здравески од Прилеп, а Борче Павловиќ од Скопје е четврт судија. Зоран Перески од Прилеп е делегат, а Орце Стефановски од Кратово е контролор.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за двата контролни дуели со Кипар U16

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 9 и 11 декември ќе одигра две контролни средби против своите врсници од Кипар. Двата меча...

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!