КупФудбал

Костов пред дуелот со Работнички: „Одиме максимално мотивирани и веруваме во пласман понатаму!“

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Второлигашот Брегалница Штип утре ќе го одигра осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија против прволигашот Работнички. Средбата ќе се игра на стадионот „Железарница“ во Автокоманда, со почеток во 14:00 часот.

Пред дуелот, шефот на стручниот штаб на штипјани, Влатко Костов, истакна дека неговите фудбалери се подготвени и мотивирани да дадат максимум против реномираниот противник:

„На утрешниот куп натпревар против Работнички одиме максимално мотивирани и спремни. Нашата цел е победа и пласман во следната рунда. Работнички е клуб со квалитетни играчи и имаме целосен респект, но ние ќе ја играме нашата игра и ќе се трудиме да ја оствариме целта. На терен ќе излезат најдобрите и најспремните 11 играчи што моментално ни се на располагање. Очекувам добар и возбудлив меч и со дисциплинирана игра се надевам дека ќе се пласираме понатаму во Купот“, изјави Костов.

Брегалница сезонава игра во добра форма и ќе се обиде да приреди изненадување против фаворитот од Скопје, додека Работнички ќе ја бара својата потврда на квалитетот и место меѓу најдобрите осум екипи во Купот на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дебакл на Кеги Моби откако загуби од Шкупи со ОСУМ гола, Железарец и Осогово ги поделија бодовите

Тежок пораз доживеа вицешампионот Кеги Моби на гостување кај Шкупи од 2. коло на Првата футсал лига, откако велешани загубија со 8:1. Абдил...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рабија Дервиши донесе победа за шампионот Скопје, три бода за Тиверија Брера и Истатов, минималец на Вардар

Шампионот Скопје го доби дербито со Каменица Саса во Македонска Каменица, откако со минимални 0:1 славеше во мечот од 9. коло на Првата...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дебакл на Кеги Моби откако загуби од Шкупи со ОСУМ гола, Железарец и Осогово ги поделија бодовите

Тежок пораз доживеа вицешампионот Кеги Моби на гостување кај Шкупи од 2....

Втора лигаФудбал

(ФОТО) Брера и Беласица ги поделија бодовите во струмичкото дерби, Цицмиловиќ дебитираше со реми

Градското дерби во Струмица меѓу Брера и Беласица заврши без голови (0:0),...

Трета лигаФудбал

Три бода за Цетинска, Дрита убедлива над Љуботен, три бода за Гостивар

Цетинска на домашен терен однесе сигурна победа од 3:1 над Лирија во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!