ИнтернационалциОстанато

Лука Костиќ со нов интернационален предизвик – потпиша за Анагениси Дериниа

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Лука Костиќ ќе ја започне новата сезона со нов интернационален предизвик, откако потпиша едногодишен договор со кипарскиот прволигаш Анагениси Дериниа.

Костиќ е четвртиот интернационалец во редовите на Дериниа и своето деби во новиот клуб ќе го има веќе викендов, кога започнува кипарскиот шампионат.

„Со Дериниа се договоривме на едногодишна соработка. Веќе одработив неколку тренинзи со екипата и одлично сум прифатен од соиграчите. Владее убава атмосфера и енергија за работа. Екипата е комбинација од млади и искусни играчи. Официјално сезоната стартува викендов и се надевам дека ќе биде успешна,“ изјави Костиќ.

Кипарскиот клуб го претстави македонскиот примач како „искусен играч кој со својата сила и желба за победа ќе донесе додадена вредност во тимот“.

Костиќ започнува ново поглавје во својата интернационална кариера, по настапите за Босна (БиХ) минатата сезона, како и за Рибница Краљево (Србија), Марек Дупница (Бугарија) и Будуќност Подгорица (Црна Гора). Потекнува од скопски Вардар, а во македонското првенство настапувал и за Џио Струмица и ГОК Борец Велес.

Летово, Костиќ имаше активна репрезентативна сезона, настапувајќи во Европската златна лига и квалификациите за Европското првенство 2026, на кое Македонија обезбеди четврто последователно учество на континенталниот собир.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!