Ракомет

Тасески: ,,Со поддршка од „Рибари“ и силна одбрана – ќе одиме понатаму!“

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Ракометарите на Охрид се во завршна фаза од подготовките за двомечот со Баки во рамките на второто коло од Европскиот куп на ЕХФ. По договор меѓу клубовите, охриѓани ќе бидат домаќини на двата натпревари кои ќе се одиграат во салата „Билјанини извори“.

На официјалната прес-конференција пред дуелот, зборуваше еден од најискусните ракометари во тимот, Иван Тасески.

„Атмосферата во Охрид е одлична. Новите момци кои дојдоа се доста квалитетни, имаме одлична хемија од старт. Добро се подготвуваме за секоја средба, а така и за овој со Баки. Се надевам дека со нашата добра игра во одбрана уште на првиот меч со висока победа ќе си осигураме пласман во следната фаза на ЕХФ Купот. Ги повикувам љубителите на ракометот и навивачката група „Рибари“ да дојдат во што поголем број и да бидат наша поддршка“, изјави Тасески.

Охрид ќе го одигра првиот натпревар против Баки во сабота од 18 часот, а реваншот е закажан за недела во истиот термин и на истото место. Тимот на Борис Ројевиќ со оптимизам влегува во европската авантура, решен да ја потврди фаворитската улога и пред својата публика да обезбеди пласман во следната фаза.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за двата контролни дуели со Кипар U16

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 9 и 11 декември ќе одигра две контролни средби против своите врсници од Кипар. Двата меча...

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!