ГРК Охрид со нетрпение ги одбројува деновите до почетокот на својата европска авантура оваа сезона. Тимот ќе се соочи со РК Баки од Баку, Азербејџан, а возбудата расте како кај играчите, така и кај навивачите. Првиот дуел е закажан за сабота, 11-ти октомври, додека реваншот ќе се одигра недела, 12-ти октомври, во салата „Билјанини Извори“.
Охриѓани ќе бидат домаќини на двата натпревари, што е дополнителен мотив за максимален ангажман на теренот. Од таборот на домаќините, еден од главните столбови на охридската ,, тврдина “ , шпанецот – Ориол Реј Моралес, го најави мечот и ги повика навивачите да уживаат во една убава ракометна атмосфера.
,, Пред нас се два исклучително важни натпревари за продолжување на настапот во ЕХФ Европскиот Куп. Противникот го гледавме на видео, но не знаеме многу за него бидејќи досега не сме играле меѓусебно. Треба да сме фокусирани и да дадеме 100% од себе за да се пласираме во наредната фаза. “ – истакна Моралес.
Со таква одлучност и мотив, ГРК Охрид влегува во својот европски викенд полн со надеж и амбиција.