ИнтервјуМагазинРакомет

ИНТЕРВЈУ | Kукуловски ги повикува навивачите: ,,Дојдете заедно да славиме пласман во следното коло!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид со нетрпение ги одбројува деновите до првиот Европски натпревар за оваа сезона- дуел со екипата на РК Баки , од Баку- Азербејџан. Возбудата во тимот, како и во градот расте, подготовките се при крај, а Охрид е подготвен за навивање и со нетрпение го очекува првиот меч во сабота, на 11-ти Октомври. Како што веќе знаеме, вториот меч ќе се одигра веќе следниот ден- во недела, на 12-ти Октомври. Едно е сигурно- на Охрид му претстои  богат и возбудлив ракометен викенд.

Охриѓани ќе бидат домаќини на двата натпревари, што е дополнителен мотив за нив да го дадат својот максимум на теренот. Охрид е подготвен за ракометна еуфорија, па несомнено, викендов ќе биде почеток на уште една убава ракометна бајка за ГРК Охрид и љубителите на ракометот во градот под Самоиловата Тврдина.

Со цел да ви ја доловиме атмосферата и возбудата поблиску, поразговаравме со левиот бек на ГРК Охрид- Дејан Кукуловски.

ФОТО: ГРК ОХРИД

Со висина од 196 см и роден во Ресен на 17 август 1998 година, Дејан Кукуловски е еден од младите, моќни ракометари на македонската сцена. Пред доаѓањето во ГРК Охрид (од јули 2024), тој настапуваше за Брно во Чешка, но исто така, има искуство и во домашниот шампионат преку клубови какви што се Еурофарм Пелистер, Вардар, Еурофарм Пелистер 2, а беше дел и од сите младински, но и сениорската репрезентација на Македонија.

Млад, амбициозен и со меѓународно искуство — Кукуловски е играч кој буди интерес и на кој е вредно да му се чуе ставот пред новиот предизвик за него и неговиот клуб.

Во кратко, но содржајно интервју, Кукуловски зборува за атмосферата во екипата, очекувањата пред дуелот и важноста на поддршката што ја даваат навивачите. Во продолжение, ви го претставуваме разговорот со него.

  • Пред вас е европски предизвик против Баки од Азербејџан — какво е чувството и атмосферата пред овој двомеч?

  ,, Точно така, нѐ очекува првиот европски предизвик за оваа сезона против екипата на Баки- чувството и атмосферата се одлични и сите со нетрпение  го очекуваме овој двомеч. “

ФОТО: ГРК Охрид
  • Што знаеме за противникот? Има ли нешто специфично во нивната игра што веќе го анализиравте?

,, Искрено, непознат противник за нас, се подготвуваме добро , анализираме, фаворитската улога ја имаме ние, но секако, тоа мора да го покажеме и на терен. “


  • Двата меча се играат дома, во Охрид — колку ќе значи поддршката од нашата публика? Дали тоа ви е голем мотив или дополнителен притисок?

,, Така е, и двата меча се играат дома и секако дека многу ни значи поддршката од публиката, која секогаш ни е ветер во грб и секогаш е добро тоа, и секако голем мотив е да се игра пред ваква публика. “

  • Тимот е во добра форма во првенството — дали тоа ви дава дополнителна самодоверба и мотив?

,, Мислам дека сме во добра форма, одиме во нагорна линија и сигурно дека како поминува времето ќе гледаме сѐ подобар и подобар Охрид и секако дека тоа ни дава и дополнителна самодоверба и дополнителен мотив секој од нас да го дава својот максимум. “


  • Имаш искуство со европски натпревари — што мислиш, што ќе биде клучно за добар резултат против Баки?

,, Имам искуство со европски натпревари, така што сметам дека сo една добра одбрана и дисциплина во нападот- резултатот ќе си дојде сам по себе. “

ФОТО: ГРК Охрид
  • Каква е атмосферата во екипата деновиве, има ли позитивна енергија пред европскиот предизвик?

,, Атмосферата е одлична и секако дека има позитивна енергија и како што кажав – со нетрпение го очекуваме европскиот предизвик и секако, целиме високо. “

  • И за крај — која е твојата порака до охридските навивачи пред дуелот со Баки?

,, Ги повикувам сите наши навивачи и навивачката група Рибари да дојдат да нѐ поддржат и на крај заедно да славиме пласман во следното коло од европските натпревари. “

На Дејан му благодариме за соработката и му посакуваме многу успех во двомечот против Баки, па се надеваме дека ќе бидеме сведоци на што поголеми успешни предизвици за него и за неговиот тим.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

НЕОЧЕКУВАНО: Пролет се повлекува од Суперлигата, следната сезона ќе игра во Првата лига

Македонскиот ракомет останува без уште еден долгогодишен член на Суперлигата. Ракометниот клуб Пролет 62 официјално потврди дека во сезоната 2026/27 нема да настапува...

Останати репрезентацииОстанато

Одличен настап на македонските атлетичари: Сребро и рекорди на Балканското првенство во Романија У20

Македонските атлетичари до 20 години имаа успешен настап на Балканското првенство во Романија, каде што освоија сребрен медал, поставија нов младински национален рекорд...

Поврзани написи
Ракомет

НЕОЧЕКУВАНО: Пролет се повлекува од Суперлигата, следната сезона ќе игра во Првата лига

Македонскиот ракомет останува без уште еден долгогодишен член на Суперлигата. Ракометниот клуб...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 се засили со Александар Стојков

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со комплетирањето на играчкиот ростер за новата сезона...

Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Астибо се повлекува од Супер лигата, следната сезона ќе игра во Првата лига

Она што претходно го најави Спортска Мрежа, денес доби и официјална потврда....

Ракомет

Усама Хосни потпиша за Шарт, францускиот клуб го врза до 2028 година

Тунискиот репрезентативец Усама Хосни и официјално ја продолжува кариерата во Франција, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!