Прва женска фудбалска лигаФудбал

Дебакал на Саса – Тиверија Брера убедлива во дербито, Љуботен со „петарда“ за Ас Јунајтед!

Сподели
Сподели

Дебакл на Каменица Саса на домашен терен во дербито на 9. коло од Првата женска фудбалска лига, откако Тиверија Брера ги збриша „рударките“ со 0:3 и тоа со играч помалку на терен од 37. минута откако Павлинка Николовска беше исклучена од игра поради црвен картон.

Гоја беше двоен стрелец, а гол постигна и Копли, па наместо дерби, немаше ни „Д“ од дерби.

Истатов преку Катерина Петкова дојде до победа од 1:0 над Атлетико од Битола.

Љуботен со убедливи 5:2 го декласираше Ас Јунајтед од Струга, во меч каде голгетерката Улза Максути постигна два брзи гола за 0:2, а потоа домашниот тим преку Мустафа, Валбуена и Јовановска сврте на 3:2 на полувреме. Во вторито дел Накова и Видал дојде до конечните 5:2.

Топ Гол дома загуби од Скопје со резултат од 1:2 откако гостинот преку Крстева и Дервиши имаше 0:2 на полувреме, а во вториот дел Илиевска постигна гол за конечни 1:2.

Во оваа коло слободна беше екипата на Речица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!