Рекордни 28 погодоци беа постигнати на трите натпревари од 3. коло на Втората женска фудбалска лига.
Сосема очекувано најмногу погодоци имаше во битолско Кравари, каде апсолутниот фаворит Конзули со 17:0 го декласираше Борец.
Сара Слободанка Димитриоска и Мелица Милица Димитриоска постигнаа по три гола, Мила Талеска се врати на фудбалските терен и одново ги облече копачките, па денес постигна два погодоци, а по два гола има и Леонира Велкоска и Ангела Димовска, по еден гол имаа Марија Стојановска, Тамара Нешковска, Анета Марковска и Ангела Јанкуловска, а пак Магдалена Ѓорѓиева си постигна автогол.
Екипата на Слободен дојде до висок триумф над радовишка Плачковица од 4:1. Резултатот во скопско Бардовци го отвори Михаела Симоновска во 5. минута, а во 28. минута Јасмина Манева израмни на 1:1 на полувреме.
Во второто полувреме домашниот тим преку Натали Павловска го врати водството на 2:1, а до крајот Андријана Кајевска и Амира Зејнули ги поставија конечните 4:1.
Дербито на колото се играше во Македонски Брод, а истото заврши без победник со шест постигнати гола за реми на Порече и Билјанини Извори од 3:3.
Охридскиот тим може да жали за овој резултат, бидејќи испушти два гола предност по првите 45 минути, откако двапати погоди Стефанија Ристова.
Во второто полувреме се врати Порече преку капитенката Јована Ѓорѓиоска Блажеска, која постигна гол во 48. минута за 1:2.
Сепак, гостинот од Охрид дојде до нови плус два гола предност кога во 70. минута Ивана Николоска погоди за 1:3. Но, до крајот Порече имаше сили да го израмни резултатот.
Ѓорѓиоска Блажеска со втор гол намали на 2:3, а во 86. минута искусната Драгана Гегова ги постави конечните 3:3.
| Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 🔼 | ЖФК КОНЗУЛИ ЈУНАЈТЕД | 3 | 3 | 0 | 0 | 25 | 1 | +24 | 9 |
| 2 🔽 | ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 | 3 | 2 | 1 | 0 | 15 | 3 | +12 | 7 |
| 3 🔼 | ФК Слободен/ЖФК | 3 | 2 | 0 | 1 | 6 | 8 | -2 | 6 |
| 4 🔽 | ЖФК БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ 2010 | 3 | 1 | 1 | 1 | 12 | 8 | +4 | 4 |
| 5 ➖ | ЖФК ПЛАЧКОВИЦА | 3 | 0 | 0 | 3 | 1 | 12 | -11 | 0 |
| 6 ➖ | ЖФК БОРЕЦ | 3 | 0 | 0 | 3 | 0 | 27 | -27 | 0 |