Втора лигаФудбал

Варадиновски: Натпревар кој не заслужува коментар од фудбалски аспект, им честитам на моите играчи!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање на фотографијата!
Сподели

И денес се зборува за тоа што вчера се случи на натпревароте од 6. коло во Гевгелија меѓу Кожуф и Скопје, а резултатот беше 1:1 и поделба на бодовите.

Тренерот на Кожуф, Иван Варадиновски ни изјави дека натпреварот не заслужува фудбалски коментар, а притоа им честиташе на неговите фудбалери.

„Натпревар кој не заслужува коментар од фудбалски аспект, нека дадат оценка и свое видување надлежните и фудбалската јавност. Можам само да им честитам на играчите кои и покрај сите предизвици во „наводници“ на овој натпревар покажаа тимски дух, карактер, пожртвуваност и на крај сепак останавме непоразени“, ни изјави Варадиновски.

Кожуф игра одличен и допадлив фудбал има одличен старт во новата сезона и со 12 бодови е на 4. место на табелата, притоа тимот од Гевгелија со три примени погодоци ја има најдобрата одбрана, а со 13 постигнати погодоци меѓу најефикасните напади.

Во следното коло Кожуф ќе гостува кај Големо Коњари.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Борец е на врвот во Трета лига – Југ, ќе гледа ли Велес второлигашки фудбал следната сезона?

Велешки Борец е на врвот на табелата во Трета лига – Југ со 40 бодови на своето конто со учинок од 13 победи,...

Ракомет

Вардар ја освои Битола и е на чекор од шампионската титула

Вардар 1961 извојува огромна победа во дербито на македонскиот ракомет, откако на гостувањето во Битола го совлада Еурофарм Пелистер со 27:22 во рамки...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!