Ракомет

Висока победа за Еурофарм Пелистер 2, Младост Богданци слави важна победа!

Сподели
Сподели

Овој викенд се играат натпреварите од 4. коло на Првата ракометна лига на Македонија, а во рамки на групата А ланскиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 однесе висока и убедлива победа откако славеше со 17:32 над Металург РА.

На средбата во Автокоманда најдобар стрелец кај битолчани беше Стефан Дрогришки со осум погодоци, а пак кај домаќинот Филип Петровски со шест погодоци.

Драчево на домашен темеч загуби од екипата на Младост од Богданци со резултат од 25:31, во меч каде Кристијан Ташевски со пет гола беше најдобар стрелец кај домаќинот, додека пак кај амбициозниот Младост кој и оваа сезона ќе напаѓа за влез во Суперлигата беше Антонио Николоски со осум гола.

Ланскиот суперлигаш Скопје со 36:32 запиша триумф над Шампион, а на овој меч Александар Грујевски имаше осум погодоци за победничкиот тим, а пак Бојан Чакалиќ седум, за гостинскиот тим најмногу се истакна Илија Пејковски со девет гола.

Колото беше отворено со мечот меѓу ланскиот суперлигаш Вардар Неготино и Преспа Вардар од Ресен во меч каде домаќинот беше пресилен и убедлив со 40:29.

За домашниот тим Мирослав Митевски со 12 гола беше најдобар стрелец, а пак за гостинскиот тим најмногу се истакна Александар Филиповски со 11 гола.

Колото се комплетира денес со три натпревари. Тешекстиелц во Штип игра против Македонија ЃП, Астраион во Струмица против Јехона од Гостивар, а пак Кичево на домашен терен со Аеродром.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!